Домашна овца

Домашна овца (Ovis aries)


Должина: 1,1 – 1,5 m
Опаш: 7 – 12 cm
Тежина: 22 – 55 kg
Распространетост: Европа, Америка, Азија, Австралија
Живеалиште: ливади, пасишта
Исхрана: растителна

Овцата е домашно животно од редот на чапункари. Добиена е со доместификација на муфлонот пред околу 12000 години. Се одгледува за месо, млеко, волна и приплод. Волната од овците е најшироко употребувана.
Во време на парење мажјаците меѓусебно се урираат со роговите.  По бременост од пет месеци женката раѓа едно до две јагниња.