Европски Бизон (Bison bonasus)


Должина: 210 - 340 цм 
Опаш: 30 - 60 цм 
Тежина: 300 – 950  кг 
Распространестост:  Источна Европа 
Живеалиште:  Шуми , отворени станишта  
Исхрана: растителна 
Статус  Загрозен 

Европскиот Бизон според генетичките докази се смета за ист вид со Американскиот Бизон. Исчезнал во природата и се одгледувал само во парковите за да повторно биде внесен во шумите на Bialowieza ( големо шумско пространство помеѓу Полска и Украина ). Оригиналните популации на Европскиот бизон исчезнале во 1910 година . За разлика од Американскиот Бизон има посветло и пократко влакно на крзното, роговите кај мажјаците се пократки и свртени нагоре  но начинот на живот и социјалното однесување им се идентични . Женката раѓа едно младо кое го носи 230 до 270 дена ,цица до една година и може да трча после 3 часа од раѓањето .