Белорак Гибон (Hylobates lar)


Должина: 42 – 59 цм 
Опаш:  нема 
Тежина:  4.5 – 7.5   кг 
Распространестост:  Јужна и источна Азија 
Живеалиште:  тропски шуми и планини  
Исхрана: плодови лисја инсекти цветови  
Статус  загрозен 

Гибоните имаат најдолги раце  во однос на големината на телото  од сите примати . Начинот на кој се движи  при што со рацете се  виси и се ниша меѓу гранките  се нарекува брахијација . Палецот на задните екстремитети е спротивно завртен од останатите  прсти на стапалото  поради што гибонот може да оди исправен по гранките . Наутро се огласуваат со спектакуларно пеење . Опстанокот на белоракиот фибон најмногу го загрозуваат сечењето на дождовните шуми и ловот .