Едногрба  Камила (Camelus dromedarius)


Должина: 2.2 – 3.4 м 
Опаш: 50 - 55 цм
Тежина: 450 – 550  кг 
Распространестост:  Африка , Азија и Аустралија 
Живеалиште:  пустини и полупустини 
Исхрана: растителна 
Статус   вообичаен 

Едногрбата камила  е исчезната во природата  и денес ја има како  домашно животно. Прилагодена е на пустински начин на живот и при недостаток на вода и храна губи и до 40 % од телесната маса. Грбата на камилата  служи за складирање на резервни масти. Кога е многу жешко телесната температура и се покачува  поради што помалку се поти и може долго да ја сочува водата во телото . Камилите имаат дворедни веѓи и трепавици кои овозможуваат заштита од ситниот пустински песок. Се храни со трнести и солени растителни видови а понекогаш исушени мрши и коски од изумрени животни . Едногрбите камили живеат во мали групи (крда)  од неколку женки со младите и еден мажјак кој ги штити од другите мажјаци со плукање и гризење.  Имаат значајно стопанско искористување .