Мармазет – џуџест

Мармазет – џуџест (Callithrix pygmaea)


Должина: 12  - 15 цм 
Опаш: 17 -  23  цм 
Тежина: 100– 125  гр 
Распространестост:  Западна Јужна Америка ( горниот дел на Амазон ) 
Живеалиште:  Влажни тропски шуми  
Исхрана: Нектар од плодови, мали инсекти – пајаци 
Статус : Ниско ризичен 

Џуџестиот мармазет е најмал мајмун на светот и склопчен може да застане на човечка дланка. Џуџестите мармазети живеат во групи од 5 – 10 индивидуи а се размножува само еден пар . За младите се грижи таткото на почетокот а покасно помагаат сите членови на групата носејќи ги младите на грбот   Се разликува од другите мармазети по начинот на исхрана , мармазетот копа дупки на кората на дрвјата и ја шмука смолата која. е дел од неговата исхрана. Има долг животен век за така мал цицач и живее до 12 години