Пуштање во употреба на ново жи ... 3/30/2012

Во Недела 01.04.2012 год во 12:00 часот во Зоолошка градина Скопје свечено ...
Животни Зоо Скопје 2011 ... 3/30/2012

Родени животни ( подмладок ) во ЗОО Скопје во 2011 год 1 кенгур ,1 м ...
 
ЗООЛОШКА ГРАДИНА СКОПЈЕ - ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
 
УРЕДБА НА ГРАДИНАТА
Правила кои треба да ги почитуваат посетителите на Зоолошката градина Скопје.
 
  • Животните во Градината служат за радост на сите посетители. Од општ интерес е да се пазат и да не се оштетуваат.
  • Посетителите не смеат да ги хранат животните во Градината. Понесената храна се остава на влезот на Градината.
  • Оградите пред објектите на животните ги штитат посетителите од опасност. Забрането е прескокнување, наведнување и провлекување низ оградите. Предупредуваме дака не сносиме одговоност за штетата настаната поради непридржување кон оваа точка од уредбата.
  • Забрането е дразнење или било какво вознемирување на животните.
  • Ве молиме да не се пуши во објектите на животните.
  • Кучиња, велосипеди, ролерки и слично, не смеат да се внесуваат во Градината, како ни други работи кои можат да ги повредат луѓето или да ги вознемират животните.
  • Магнетофонски или други снимки можат да се користат само за сопствени потреби, а не во смисла на било каква реклама.
  • Фотографирање и снимање за приватни потреби на посетителите е дозволено. Снимките и фотографиите не можат да се употребат за друга цел без одобрение од Градината. Осветлување за снимање во објектите може да се користи во договор со овластени лица.
  • Деца до 10 години можат да ја посетат Градината само во придружба на возрасни.
  • На нашите вработени им е дозволена контрола на влезниците. На нивно барање посетителот е должен да го покаже билетиот кој мора да го чува се до напуштањето на Градината.
  • Секој посетител со самото купување на билетот е запознаен со оваа наредба, како и со општата забрана за хранење на сите животни во Градината. Непридржувањето кон наредбата како и кон општата забрана за хранење на животните со себе повлекува последици и обврска за надомест на направената штета согласно позитивните законски одредби.
 
Строго е забрането хранење и вознемирување на животните, како и преминувае на заштитните огради.

Не е дозволен влез со кучиња, велосипеди, ролерки.
Фотографирање и снимање за приватни потреби е дозволено, а за други потреби задолжително е одобрување од Управата на Градината.

Деца до 10 годишна возраст мора да бидат придружувани од возрасен.
 
 
 
 


Зоолошка Градина:
Од 09:00 до 16:00 часот

Благајна:
Од 9:00 до 16:00 часот


 


Внесете ја Вашата E-mail адреса во полето прикажано подолу.
 
Зоолошка градина на град Скопје. Изработка 2009. Изработка UnetInteractive