Зебу говедо (Bos indicus)


Должина: 1,6 – 1,8 m
Опаш: 50 cm
Тежина: 150 – 300 kg
Распространетост: ј.Азија
Живеалиште: шуми, планини, ливади

Зебу е вид на домашно говедо со потекло од јужна Азија.
Карактеристични се по масната грбка на рамењата, спуштените уши и кожниот набор под вратот. 
Постојат 75 раси на зебу говедо распространети по целиот свет. Се користат за работа, месо и млеко.