Анаконда – жолта

Анаконда – жолта   (Eunectes notaeus)


Должина:  2.4 – 4.60  м 
Размножување: Ововипарно – живородни 
Распространестост:  Јужна Америка ( Парагвај Бразил, Аргентина Боливија ) 
Живеалиште:  водени станишта ( мочуришта и реки )  
Исхрана: риби , желки , гуштери , јајца од птици 
IUCN статус : вообичаен 

Жолтата анаконда спаѓа во групата на удави и е многу помала од најголемата змија на светот Зелената Анаконда .Својот плен го лови со давење. Бојата на кожата е жолтеникаво-зелена со кафеави дамки кои се преклоповаат по целата должина на телото  и претставува одлична камуфлажа во матните води и шумската вегетација. Машките индивидуи се помали од женските. Времетраењето на бременоста трае 6 месеци и потоа женката раѓа 4-80 млади долги до 60 цм. Сексуалната зрелост ја достигнуваат на 3-4 год возраст. Најголема закана на Жолтата анаконда е човекот кој ја  изловува  поради нејзината  кожа.